Две години КУД „Ацо Ѓорчев“ Неготино
Култура - Култура
Понеделник, 12 Август 2013 15:22

Негувајќи го македонскиот фолклор и традиција, членовите на Културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ од Неготино ја прославија втората годишнина од своето постоење, а тортата ја пресекоа најмладиот член на друштвото, петгодишниот Стојанче Трајков и директорката на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, Мирјана Јованова.

Со преку 70 настапи и 14 меѓународни фестивали, КУД „Ацо Ѓорчев“ го заокружи своето двегодишно работење. Покрај многубројните настапи во и надвор од Македонија, тие се пофалија и со тристоте активни членови коишто се распоредени во 12 групи во зависност од возраста.

Кореографот на друштвото, Горан Трајков е задоволен од досегашните успеси и интересот на младите да бидат дел од друштвото.

„Секаде каде што настапувавме постигнавме одлични резултати и бевме одлично оценети од страна на домаќините. На сите настапи имаше огромна посетеност и секогаш бевме наградувани со громогласни аплаузи кои се и потврда за нашиот квалитетен настап, но воедно и поттик за уште повеќе да работиме“, ни рече кореографот Трајков.

Директорката на Центарот за култура во чиј состав функционира друштвото уште од самиот почеток, Мирјана Јованова коментира дека е многу задоволна, како од соработката, така и од видниот интензивен напредок на КУД „Ацо Ѓорчев“.

„Нека ни се множат успесите, но и годините. Да славиме вака уште сто години“, рече Јованова.

Членовите, пак, на фолклорното друштво, од различни возрасти, коментираат дека уште повредно ќе работат за зачувување на македонскиот фолклор и македонската традиција. Тие додаваат и нагласуваат дека преку фолклорот најдобро се сака својата земја.

Инаку, координаторот Горан Трајков, за овој месец најави учество на друштвото на уште еден меѓународен детски фестивал во Две Могили, Бугарија. На фестивалот ќе учествуваат 12 држави, а единствен претставник од Македонија е КУД „Ацо Ѓорчев“./А.Д

Слични текстови:
Традиционалниот македонски килм ја инспирираше веле
Повторно љубителите на црковно хорско пеење  празничн
Бесмртните стрип јунаци што го освоија светот, блесна
Галеријата се наоѓа во Домот за култура кој беше цело
За првпат во Македонија е издадено печатено издание н
Градбата е од 19 век и е дел од родната куќа на Васил Гл
 

Огласи


rontis_logo.jpg
Петок, 07 Февруари 2014 14:15
rontis_logo.jpg
Петок, 07 Февруари 2014 14:12
rontis_logo.jpg
Петок, 07 Февруари 2014 08:10