Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Само претседателот на еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци и претставници на општинската администрација се појавија денеска на јавната расправа на која требаше да се дискутира околу изнаоѓањето соодветни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.

Иако кавадарчани во последно време се повеќе се активни со коментари на социјалните мрежи, денеска немаа храброст своите ставови и размислувања да ги презентираат на јавна расправа што ја организираше општината.

Денеска на пладне резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање покажаа дека во Кавадарци загадувањето со ПМ 10 честички беше повторно над дозволеното. Беа измерени 109 мг/м3.

Претседателот на „Еко живот“, Роберто Паризов во изјавата за медиумите нагласи дека загадувањето во Кавадарци е комплексно и доаѓа од домаќинствата, индустријата и автомобилите.

„Проблемот е тоа што немаме доволно контрола, немаме заинтересирани институции да се реши овој проблем. Како проблем е и некомпатибилноста на стариот ЛЕАП кој е направен пред 20 тина години и не одговара на условите во кои сега живееме, пред се со модерната технологија, поголемиот број загадувачи и поголемата концентрација на кавадарчани и самата урбанизација“ рече Паризов.

Тој информира дека покренале иницијатива до општината за измени на лоаклниот акционен план -ЛЕАП. Очекува иницијативата да биде прифатена.

„Се понудивме како спроведувачи на тој локален акционен план во соработка со сите надлежни институции за да се направи добар план кој ќе обезбеди квалитетен живот во наредните 20 години. Загадувачи има многу во Кавадарци и тоа е сето поради ниската совест. Свесно загадуваме и си го загорчуваме нашиот живот. Има и големи загадувачи. Еден поголем загадувач сеуште загадува и сеуште нема добиено “А” интегрирана еколошка дозвола“ нагласува Паризов.

Првиот екологист не очекува позитивен исход од евентуалното казнување на граѓаните кои ги затоплуваат домовите со јаглен, бидејќи во кавадаречките домаќинства не се користи јагленот како енергенс во обем кој би го загадувал воздухот.

Aнгел Данов

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.