Бизнисменот Кочо Анѓушев го презема фудбалскиот клуб „Гемиџии“ од Велес
Спорт - Спорт
Среда, 14 Септември 2016 15:46

Сопственикот на велешката компанија Брако, Кочо Анѓушев од денеска го презема Фудбалскиот клуб Гемиџии кој во моментов се наоѓа во третата лига. Тој вели дека има сериозни намери клубот од третолигаш да го искачи во првата лига. Се договара и преговара екипата во која свој придонес ќе дадат и ветерани во фудбалот во Велес. Анѓушев се надева дека фудбалскиот клуб за три до четири години ќе стане стабилен прволигаш.

„Планот е следен, оваа година да направиме еден добар костур на екипата и да ја спремиме за влез во втора лига. За тоа веќе разговаравме со неколку ветерани во фудбалот од Велес . Доколку е потребно во меѓусезона уште дополнително ќе го пјачаме клубот . Финансирањето ќе биде ислучиво од фирмите со кои што јас управувам За оваа година финансирањето е веќе обезбедено и правиме план за следните пет години за да може работењето на клубот да биде попрофесионално и во повисоките лиги“, рече Анѓушев.

„ Очекувањата ќе се исполнат. Сум имал многу други понуди за клубот но познавајки го господинот Анѓушев како стабилен и успешен бизнисмен, верувам дека многу брзо клубот ќе го видиме во прва лига и дека многу брзо ќе го видиме и надвор од границите на Македонија“, рече претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз, Лазар Ракиџиев.

За потребите на клубот, општина Велес ја стави на располагање целокупната спортска инфраструктура на градот./Д.С

 

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20