Нови трофеи за македонските кајакари на диви води - велешанецот Спасиќ во БиХ со најмногу медали
Спорт - Спорт
Вторник, 18 Октомври 2016 07:58

Македонските кајакари на диви води настапија на отвореното првенство во Босна и Херцеговина кое се одржа изминатиот викенд . Учество земаа четворица кајакари поточно Љубомир Спасиќ, Атанас Николовски, Виктор Миланов и Христијан Игнатов.

Во дисциплината слалом која се одржа во саботата на 15ти, во сениорска конкуренција, Атанас Николовски го освои второто место додека Љубомир Спасиќ беше трето пласиран.

Во тимско возење во сениорска категорија кајакарскиот состав Спасиќ-Николовски-Игнатов го освоија првото место.

Во јуниорска конкуренција па се натпреваруваа кајакарот Игнатов Христијан кој се пласира на третото место и кајакарот Виктор Миланов кој заврши како пети.

Во неделата,на 16 ти октомври се одржа натпревар во спуст на диви води каде учество зема само кајакарот Љубомир Спасиќ. Тој во дисциплината Спринт беше првопласиран додека во класик заврши на второто место./У.Ј