Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Владата во заминување предводена од техничкиот премиер, Емил Димитриев, склучи договор со германска ПР агенција за да го подобри имиџот во Европа. Договорот во вредност од 90.000 евра е склучен со агенцијата FleishmanHillard Germany GmbH, која единствена поднела понуда на огласот.

Зачудувачки е што времетраењето на соработката е три месеци, а се бројат часови и денови кога мандатарот Зоран Заев треба да го објави составот на новата влада и да го преземе премиерското место.

Конкретно, германските ПР експерти треба да работат на „менаџирање на угледот и имиџот на Република Македонија пред општествената, политичката, економската и медиумската јавност во Европа“, пишува во објавата на сајтот на Електронскиот систем за јавни набавки

 

Најново