Промовирани шест брајови и три аудио книги за слепите лица во Велес
Култура - Култура
Вторник, 27 Декември 2016 15:44

Со нови шест книги на брајово писмо се збогати фондот во локалната библиотека Гоце Делчев во Велес и сега вкупно дваесет и седум наслови од различни жанрови им се достапни на слепите лица во градот. Денеска тие беа промовирани во локалната библиотека. Но освен овие книги кои се финансирани од општината, беа промовирани и три аудио книги финансирани од министерството за култура.

- Среќен сум што во нашата библиотека книгите никогаш не се на број односно дека секогаш има некоја книга кај читател . Пред три и пол години во библиотеката имаше само десет книги а годинава тој број го зголемивме на дваесет и седум книги со брајово писмо. Трета година по ред крајот го одбележуваме со промоција на книги, рече претседателот на Здружението на слепи лица Тони Пајдаков.

- Оваа година направивме три нови книги, тоа се „Странецот“, „Гоце Делчев“ и „Судбината на човекот“ . Пред неколку години направивме самостојно една книга. Министерството за култура го препозна тој ентузијазам кај нас и затоа оваа година ги поддржа трите нови книги. Продолжуваме и понатаму да снимаме аудио книги и да им излеземе во пресрет на граѓаните на општина Велес. Овој проект се надеваме ќе прерасне во нешто поголемо и самиот фонд на аудио книги уште повеќе ќе расте, рече директорот на библиотеката Игор Крајчев.

Во Здружението на слепи лица во Велес се регистрирани две и пол илјади членови но активни се околу седумстотини. Тие се дел од Националниот сојуз на слепи лица во Македонија во кој членуваат вкупно осумнаесет вакви Здруженија од целата држава./Д.С

 

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20