Кризниот штаб на општина Велес бара поголема грижа за старите, изнемоштените и болните лица
Регион - Велес
Среда, 11 Јануари 2017 17:26

Уште еден студен бран ќе ги зафати Велес и околните населени места од вечерва. Од Центарот за управување со кризи информираат дека Велес ќе се наоѓа во жолта фаза со екстремно ниски температури. За таа цел Кризниот штаб на општина Велес одржа вонреден состанок и одлучи да се преземат акции од Здравствениот акционен план, за фаза 1, со кои се апелира граѓаните да ги почитуваат препораките, особено оние кои важат за најранливите категории.

Да се активираат општите и неспецифични мерки доставени до здравствените, образовните и социјалните установи со кои се бара секојдневна поголема грижа за старите и осамени лица, за сиромашните и бездомниците како и обезбедување на помош во храна и огрев на најранливите категории на граѓани.

Од општина Велес информираат дека осудесет годишната старица од населба Дворови е во стабилна состојба и е на лекување во општата болница. Таа вчера беше пронајдена во тешка здравствена состојба, полузамрзната со отворени рани и прегладнета во својот дом, во кој живеела сама. Вчера вечерта соседите пријавиле во полиција а потоа и кај градоначалникот Чадиев.

Старицата била затечена во тешка состојба поради што веднаш била транспортирана во болница каде лекарите и пружиле прва помош. Откако ќе се опорави грижата за старицата ќе ја превземе Центарот за социјални работи.

Во текот на утрешниот ден службите ќе ги превзеле сите потребни мерки и активности за згрижување на осамени и болни стари лица кои тешко се справуваат со ниските температури. Од општината со апел до сите граѓани доколку имаат сознанија за вакви и слични случаи веднаш да пријават во надлежните институции./Д.С

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20