На 105 години: Почина новинарката која прва го објави почетокот на Втората светска војна
Забава - Инфо
Четврток, 12 Јануари 2017 10:24

Британската воена дописничка Клер Холингворт, новинарката која прва објави дека почнала Втората светска војна, починала во Хонгконг, јавија светските медиуми. Таа имаше 105 години.

Како новинар во „Дејли телеграф“ во 1939 година, додека патувала од Полска до Германија забележала и објавила дека германските сили се распоредени на полската граница, а три дена подоцна била прва која што објавила за германска инвазија врз Полска.

Холингворт влезе во историјата токму кога јавила дека Германија почнува со инвазијата, со што започна Втората светска војна. Тоа било само една седмица откако била вработена во весникот „Дејли телеграф“.

Во една прилика таа позајмила дипломатско возило и отишла до територијата која била под контрола на Германците, каде видела тенкови, оклопни возила и артилерија. Кога Германците ја почнале инвазијата на Полска неколку дена подоцна, Холингворт се јавила во британската амбасада во Варшава и весникот за кој работела за да ги исвести дека војната почнала. Објаснила дека морала да ја држи слушалката низ прозор за да се слушнат звуците на германските сили и да ги увери луѓето во амбасадата дека ја зборува вистината.

„Холингворт го добила прекарот „Скарлет Пимпернел“ затоа што им помогнала на околу 3.500 Евреи да побегнат од нацистите, организирајќи нивна евакуцаија во Британија“, напишал Клубот на странски дописници во Хонгконг по повод нејзиниот 105-ти роденден, базирајќи се на серија историски романи кои следат приказна за Англичанец кој спасил аристократи во текот на Француската револуција.

Новинарката Клер Холингворт известувала и за судирите во Палестина, Алжир, Иран, Египет, Пакистан, Кина, Јемен и Виетнам. Била првата личност која што разговарала со ирански шах и известувала од Пекинг во текот на крајот на владеењето на Мао Цедунг.

Која била Клер Холингворт?

Клер Холингворт уште како малечка сакала да биде писател и покрај противењето на нејзината мајка. Нејзиниот интерес за војните бил дополнително поттикнат од посетите со нејзиниот татко на историски бојни полиња во Британија и Франција. Во 1938 година заминала во Варшава каде работела со чешки бегалци. Помеѓу март и јули 1939 година помогнала да се спасат илјадници луѓе од силите на Хитлер со тоа што договарала британски визи. Во август 1939 година уредникот на „Дејли телеграф“ Артур Вилсон, заради нејзиното искуство, ја вработува во весникот. „Њујорк тајмс“ ја опишал како неприкосновен доајен на воените коресподенти. По војната работела за „Економист“, „Обзервер“, „Гардијан“ и „Телеграф“. На Википедија стои дека Клер, како известувач од Виетнам, била една од првите коментатори кои предвиделе дека војната ќе заврши во ќор-сокак. Што се однесува до нејзиниот приватен живот, таа два пати била мажена. Од награди пак има освоено „Жена новинар на годината“ во 1962 за известувањата за граѓанската војна во Алжир, а во 1994 година ја доби наградата Џејмс Камерон за новинарство.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20