Грипот ги напушта кавадарчани
Регион - Кавадарци
Петок, 17 Февруари 2017 16:24

Значително намалување на бројот на нови заболени од грип и понатаму бележи Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Последната недела овде се евидентирани само 17 нови заболни од грип.

 
Кавадарчани не ги плаши загадувањето!?
Регион - Кавадарци
Среда, 15 Февруари 2017 14:28

Само претседателот на еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци и претставници на општинската администрација се појавија денеска на јавната расправа на која требаше да се дискутира околу изнаоѓањето соодветни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.

 
Се закрои виновата лоза - се упатија молитви за богат род
Регион - Кавадарци
Вторник, 14 Февруари 2017 15:44

Со благослов за родна година и квалитетно грозје денеска се изврши симболично закројување на виновата лоза. Лозарите уште во утринските часови ги посетија своите насади за да го извршат овој обред кој со векови се негува во Тиквешијата на празникот Свети Трифун.

 
Лозарите утре ќе ги закројат лозјата со долгови од лани
Регион - Кавадарци
Понеделник, 13 Февруари 2017 13:36

Како секоја, така и оваа година лозарите ја започнуваат новата производна реколта со симболично закројување на виновата лоза на празникот Свети Трифун, но  и со неисплатени пари за грозјето од претходната реколта. Утре во Тиквешијата ќе се празнува заштитникот Свети Трифун.

 
Не се намалува загадувањето на воздухот во Кавадарци
Регион - Кавадарци
Понеделник, 13 Февруари 2017 11:02

Висока е концентрацијата на ПМ 10 честичките во Кавадарци и понатаму. Во континуитет од 18 дена кавадарчани дишат загаден воздух, покажуваат резултатите од мерната станица за квалитетот на воздухот поставена од Министерството за животна средина и просторно планирање. И понатаму Кавадарци е на врвот по загаден воздух во Република Македонија.

 
АНАЛИЗА: Мрзнењето на лозјата е најголемо покрај реките
Регион - Кавадарци
Петок, 10 Февруари 2017 13:34

Многу ниските температури кои започнаа од 7 јануари и траеја скоро 20 дена предизвикаа измрзнување на родните папки кај лозјата, особено во некои критични микрореони и кај некои сорти – се вели во анализата изготвена од експертот по лозарство и заштита на растенијата, м-р Диме Златев.

 
Дрвена бочва за вино поставена во Кавадарци како симбол пред „Свети Трифун“
Регион - Кавадарци
Среда, 08 Февруари 2017 09:56

Бочва, како симбол на Кавадарци, е поставена на кружниот тек на првиот влез во Кавадарци, од страна на патот што од Росоман води кон градот. Ја поставија локалната самоуправа и винарската визба „Тиквеш".

 
Кавадарчани 11 дена се гушат со ПМ10
Регион - Кавадарци
Понеделник, 06 Февруари 2017 13:07

Единаесет дена во континуитет, кавадарчани дишат загаден воздух покажуваат резултатите од мерната станица на министерството за животна средина и просторно планирање.

 
Кавадарци ќе субвенционира набавка на плински уреди за казаните за ракија
Регион - Кавадарци
Петок, 03 Февруари 2017 13:58

Производителите на ракија во домашни услови од општина Кавадарци кои ќе набават горилник на плин за своите казани ќе добијат надоместување на дел од трошоците. Општината вчера го објави јавниот повик и кавадарчани можат да аплицираат.

 
Кавадаречката болница доби гастроскоп
Регион - Кавадарци
Среда, 01 Февруари 2017 12:32

Стотина пациенти месечно од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман веќе немаат потреба да патуваат во Скопје за да направат преглед на горниот внатрешен дигестивен тракт. Кавадаречката болница  поседува современ гастроскоп, а има и специјализиран тим кој ќе ги врши прегледите. Овој медицински апарат е дел од интерното одделение, каде веќе се закажува на мој термин за преглед.

 
Опозицијата во кавадаречкиот совет обвини за лоша состојба на општината
Регион - Кавадарци
Вторник, 31 Јануари 2017 15:16

Само половина час траеше денешната 53-та редовна седница на советот на општина Кавадарци. Без многу дискусија советниците разгледаа и одлучуваа по дваесетина точки.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 1 од 112