Се запали куќа во Демир Капија
Регион - Демир Капија
Вторник, 03 Јануари 2017 10:33

Нема повредени иако изгоре поголем дел од покуќнината во куќата што се запали рано утрово на улица „Наум Наумов“ во Демир Капија. Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев пријавата за пожарот била евидентирана во 8 часот по што веднаш започнала пожарникарската интервенција.

 
Изгореа еден кат и покрив од куќа во Демир Капија
Регион - Демир Капија
Среда, 14 Декември 2016 09:48

Повредени лица нема. Пожарот избувнал синоќа околу 19 часот и ги проголта горниот кат и покривот од куќа на улица Маршал Тито во Демир Капија. Според информациите на командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино, Илчо Богевски, огнот бил локализиран синоќа во 22.30 часот.

 
Тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Демир Капија
Регион - Демир Капија
Петок, 24 Јуни 2016 15:07

Тројца полесно се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 20 часот на магистралниот пат А1 кај село Градец, на делницата од Демир Капија до Удово.

 
(Oбновено) Нормализиран сообраќајот по утринското исклизнување на возот од шините кај Демир Капија
Регион - Демир Капија
Четврток, 19 Ноември 2015 10:19

15: 03 - Целосоно е нормализиран железничкиот патнички и товарен сообраќај, информираа од МЖ „Инфраструктура“.

 
Трагедија: Во сообраќајка загинаа мајка и две деца
Регион - Демир Капија
Сабота, 01 Август 2015 12:56

Голема трагедија утринава околу 7 часот се случила на патот Демир Капија-Гевгелија. Загинаа маја и две деца од Србија во тешка сообраќајна несреќа.

 
Загина жена во сообраќајка кај Демир Капија
Регион - Демир Капија
Недела, 12 Јули 2015 12:56

Шеесет и три годишната Миланка К од Белград почина на лице место во сообраќајката што рано утрово,околу 6.30 часот, се случи кај клучката во близина на Демир Капија. Таа најверојатно седела на совозачкото место во автомобилот „Цитроен“ со српски регистерски таблички кој го управувал 40-годишниот белграѓанец М.К. Автомобилот излетал од коловозот.

 
Обидувајќи се да го спаси мажот, жена загина згмечена од трактор
Регион - Демир Капија
Понеделник, 01 Јуни 2015 15:40

Во обид да му помогне на сопругот кој се нашол под трактор во движење и да го извлече и таа се нашла под него и се здобила со тешки повреди од кои подоцна починала. Бизарна несреќа се случила утрово околу 8.15 часот во двор на семејна куќа на улицата Партизанска во Демир Капија.

 
Железничкиот сообраќај Демир Капија-Гевгелија нормализиран
Регион - Демир Капија
Сабота, 24 Јануари 2015 15:04

Железничкиот сообраќај на  релација Демир Капија-Гевгелија денеска е нормализиран по вчерашниот прекин пооради проблемите кои ги предизвика невремето со пороен дожд и излевањето на реката Бошавица.

Портпаролот на Центарот за управување со кризи, Надица В`чкова информираше дека сотојбата се нормализира и се работи на расчистување на местата каде излевањето на реката направи проблеми. Возовите сообраќаат со ограничување на брзината од 30 км/ч на релација Демир Капија-Гевгелија.

 
Се излеа Бошавица кај Демир Капија, железничкиот сообраќај во прекин
Регион - Демир Капија
Петок, 23 Јануари 2015 14:54

Интензивните врнежи од дожд го наполни коритото на реката Бошавица кај Демир Капија.  Таа се излеа и поплави дел од железничката пруга Демир Капија - Гевгелија, па предизвика прекин на железничкиот сообраќај.  Од Центарот за управување со кризи  велат дека освен железничката пруга, поплавени се улици и подруми.

 
Прегазен Сириец во Демир Капија
Регион - Демир Капија
Вторник, 25 Ноември 2014 09:40

Несреќата се случила синоќа на железничката станица во Демир Капија.

Емигрантот настрадал од удар на воз додека се движел по пругата Скопје - Гевгелија.

На местото на несреќата увид направиле јавен обвинител и полицијата.

 
Исчезнувањето на 17 годишната девојка најверојатно непромислена детска шега?!
Регион - Демир Капија
Среда, 20 Август 2014 12:29

Демиркапијци раскажуваат дека исчезнувањето на 17 годишната девојка од Демир Капија е најверојатно поради непромислена детска постапка. Имено, таа заедно со својата мајка,  дошле  на годишен одмор од Шведска во Демир Капија и бидејќи живеењето во Македонија и било убаво не сакала да се врати назад.

 
«ПочетокПред12345678СледноКрај»

Страница 1 од 8

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20