DW: Договорот меѓу СДСМ и ДУИ во рацете на уставните експерти
Вести - Македонија
Среда, 22 Февруари 2017 10:30

Деновиве ќе донесеме важна одлука, најави Ахмети, идентично како и Заев - дека „во прашање се денови до крајната одлука“. Топката сега е во рацете на експертите, кои треба да најдат уставни решенија за дел од предлозите.

 
Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
Вести - Македонија
Среда, 22 Февруари 2017 10:24

Железничкиот сообраќај и денеска е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат редовна исплата на платите.

 
Поради минирање, сообраќајот на превојот Пресека три часа во прекин
Вести - Македонија
Среда, 22 Февруари 2017 10:18

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид по планинскиот превој Пресека кај село Врбјани ќе биде во прекин поради изведување работи на пат – минирање.

 
Временска прогноза
Вести - Македонија
Среда, 22 Февруари 2017 07:44

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Температура до 16 степени.

 
Полицијата трага по убиецот на жената во Охрид а соседите загрижени
Вести - Македонија
Вторник, 21 Февруари 2017 21:26

Полицијата трага по убиецот на 67-годишната Спаса Бојоска од Охрид која во текот на вчерашниот ден била брутално нападната од непознато лице во својот дом во станбена зграда на ул. „Галичица“. Жената која примала пензија од странство живеела сама, откако нејзиниот сопруг со кој подолго време живееле во Германија починал неодамна. Напаѓачот најверојатно сакал да ја ограби на што укажуваат деталите од истрагата според која станот на жртвата бил целосно пребаран. Се претпоставува дека убиството се случило среде бел ден, а било откриено дури откако роднините се загрижиле зошто нивната блиска не одговарала на телефонските повици.

 
Во Избирачкиот список повторно се враќаат спорните гласачи
Вести - Македонија
Вторник, 21 Февруари 2017 11:12

Оспоруваните т.н. „фантомски гласачи“ кои беа избришани за предвремените парламентарни избори, одржани лани во декември, пролетва повторно се враќаат во Избирачкиот список и тие лица ќе имаат право да гласаат на локалните избори.

 
Полицијата трага по убиецот на жената во Охрид
Вести - Македонија
Вторник, 21 Февруари 2017 10:17

Охридската полиција трага по убиецот кој усмрти жена во синоќа на улица „Галичица“, чиј идентитет официјално се уште не се соопштува. Засега нема поконкрентни информции за неговиот профил, дали е вооружен и опасен по околината. Повеќе детали СВР Охрид најави во текот на денот,пишува Охрид њус.

 
АМСМ: Сообраќајот на мостот на автопатот Градско - Неготино, кај Стоби, се одвива по една лента
Вести - Македонија
Вторник, 21 Февруари 2017 10:01

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 
Временска прогноза
Вести - Македонија
Вторник, 21 Февруари 2017 07:52

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Температурата до 12 степени.

 
ЗНМ ги осуди заканите на екс пратеникот Рахиќ кон новинарите
Вести - Македонија
Понеделник, 20 Февруари 2017 20:01

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата преку медиуми ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица.

 
Жбогар и „ЕУ за тебе“ денеска во посета на Струмица
Вести - Македонија
Понеделник, 20 Февруари 2017 10:48

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Општина Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за вас“.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 1 од 616