Се спаси ЗК „Вардар“ од Градско од стечај
Регион - Градско
Петок, 03 Февруари 2017 15:39

Предлагачот компанијата „Хемомак“ од Велес го извести Основниот суд Велес дека го повлекува барањето за покренување на стечај на компанијата ЗК „Вардар“ од Градско. Според судијата Ангел Трипчев, кој ја водеше предлог стечајната постапка,  земјоделскиот комбинат му го платил остатокот од долгот од 52.000.000 денари на „Хемомак“ по што Судот донесе решение за повлекување на барањето за отварање на стечај.

 
Во општина Градско гласале 2.298 граѓани односно 73,37 % од вкупниот број на гласачи
Регион - Градско
Понеделник, 12 Декември 2016 14:36

Според податоците на ДИК и во општина Градско има рекордна излезност на гласачи на вчерашните предвремени парламентарни избори. Таму своето право на глас го оствариле 2.298 граѓани или 73,37 проценти од вкупниот број на гласачи евидентирани во избирачкиот список. И во Градско предноста во гласови ја има Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

 
Кај Градско тешка сообраќајка-загина 58 годишен скопјанец
Регион - Градско
Вторник, 22 Ноември 2016 14:56

Педесет и осум годишен скопјанец, возач на камион, утрово го загуби животот во собраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Градско.

 
(ОБНОВЕНО) Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Прилеп
Регион - Градско
Понеделник, 08 Август 2016 08:39

 

15:15 часотВо сообраќајната несреќа што изутринава, околу 7 и 30 часот, се случи на магистралниот пат А1 Прилеп-Градско во близина на м.в.„ Раечка Спирка“ учествувале три патнички атомобила од марките „фолксваген Голф“ со регистерски ознаки од Пробиштип, „Тојота“ со неготинска регистерска табличка и „рено“ со скопска регистрација, соопшти СВР Велес.

Според информациите од таму во несреќата со повреди се здобиле две лица на возраст од 46 и 33 години, кои биле сопатници во патничкиот автомобил Тојота и Рено. Тие се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и нив им е укажана лекарска помош.

Во периодот од 7,30 до 9,00 час. сообраќајот на наведената делница беше целосно во прекин, за кратко потоа да биде ставена во функција едната коловозна лента на која наизменично се возеше во двата правци.

„Сосема кратко траеше прекинот и потоа сообраќајот се одвиваше наизменично,по една коловозна лента. Сега сообраќајот е целосно нормализиран и без проблеми се одвива во двата правци, “ рече портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Велес./У.Ј

 

08:10 часот - Сообраќајна несреќа се случи утрово во 07.30 часот , кај место викано „Раец“ и целосно го блокираше сообраќајот на патот Градско - Прилеп. Две лица се повредени и префрлени во болницата во Кавадарци. Час и половина по сообраќајката , поточно околу 9 часот, сообраќајот започна да се одвива по една лента, наизменично.

Според портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска во сообраќајката учествувале два автомобили. Увидна полициска екипа прави увид на лице место. Резултатите од увидот ќе треба да ги откријат причините како се случила несреќата.

И АМСМ информира дека на патот Градско - Прилеп кај место викано „Раец“, после сообраќајна незгода, од 9 часот веќе е воспоставен сообраќај по една лента наизменично./У.Ј

 
Пожар во стара куќа во Градско
Регион - Градско
Петок, 04 Декември 2015 14:48

Пожарот избувнал утрово околу 10 часот во трошна куќа, сопственост на граѓани што не живеат во населбата Градско. Старата куќа се наоѓала веднаш под главната улица „Маршал Тито“, во непосредна близина на железничката станица. Чадот и пламените  јазици најнапред  ги забележале жителите од околните куќи кои пријавиле во полициската станица од каде ја повикале противпожарната единица од Велес. До моментот додека пристигнала пожарната жителите и вработените од Македонски железници го гаснеле пожарот кој најнапред ги зафатил долните простории а потоа и гредите од катот. Со брза интервенција на  пожарникарите пожарот бил  локализиран. Не било дозволено огнот да се проши и да ги зафати соседните куќи.

 
Пренасочен сообраќајот по стариот пат Градско наместо по автопатската делница
Регион - Градско
Понеделник, 09 Ноември 2015 10:26

Денеска и утре, од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од атопатот А1, делницата од мотел „Македонија“ до Градско, Поради потребите за снимање на францускиот филм „А фонд“ . Автомотосојузот на Македонија ја соопшти информацијата по известување од продукцијата „Мануфактура“ која го снима филмот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат преку Градско.

 
Наместо по автопатската делница Велес - Градско, денеска, ќе се вози по стариот пат до Градско
Регион - Градско
Вторник, 03 Ноември 2015 10:10

Автопатот А1 на делницата од мотел Македонија до Градско од денес па се до петок ќе биде затворен од 05 до 18 часот.

 
За смртта на Рамадан семејството Демирови ги обвинија полицијата и лекарите
Регион - Градско
Среда, 28 Октомври 2015 16:03

„Ако навреме му помогнеа на татко ми, тој денеска ќе беше жив“. Вака видно вознемирен и скршен од болка, Роберт Демиров од неготинското село Пепелиште, ја раскажа агонијата низ која поминувал неговиот татко пред две недели, кога со својот моторцикл завршил под тркалата на сканијата марка „Мерцедес “со неготински таблици, во центарот на Градско. Тој тврди дека татко му скоро час и половина, со откината нога и во локва крв лежел до сканијата, а полицијата не дозволила никој да му помогне иако бил свесен и барал помош. Демиров обвинува дека полицијата дури не го стопирала сообраќајот на регионалниот пат, иако татко му лежел таму.

 
Прекин на сообраќајот кај Градско
Регион - Градско
Среда, 21 Октомври 2015 09:43

Поради снимање на францускиот филм “A Fond” денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворен делот од автопатот од мотелот „Македонија“ до Градско, соопшти АМСМ.

 
Двајца повредени македонски граѓани во сообраќајка на автопатот Велес - Неготино
Регион - Градско
Понеделник, 13 Јули 2015 15:18

Тие се возеле во автомобилот со македонски регистерски таблички кој настрада во судар со автомобил со турски регистерски ознаки. Несреќата се случила денеска околу 15 часот на автопатот Велес - Неготино на делницата веднаш по наплатната станица кај Градско.

 
Загина возач на BMW во сообракајка на автопатот Велес - Градско
Регион - Градско
Понеделник, 01 Јуни 2015 10:24

Едно лице загина а две се потешко повредени, ова е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер на магистралниот пат Градско-Прилеп. Сообраќајката се случила во 21.40 часот на крстосницата кон село Сирково поточно кај бензиската пумпа Црна Река Петрол, кога патнички автомобил марка БМВ со кавадаречки регистерски ознаки удрил во бетонска ограда-жардињера.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5