Болеста јазлеста кожа нападна говеда во Сирково
Регион - Росоман
Среда, 29 Јуни 2016 15:23

Јазлеста кожа се појави низ стадата со говеда во селото Сирково. Иако се веруваше дека болеста, која првенствено ја пренесуваат инсектите односно комарецот, може да ја има покрај областите со мали води или мочуришта, сепак стигна и во ова росоманско село.

 
Сообраќајка на патот Росоман- Кавадарци
Регион - Росоман
Петок, 24 Јуни 2016 09:11

Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 22:20 часот над мостот на реката Црна на патнот Росоман-Кавадарци. Патничкиот автомобил „нисан терано“ со кавадаречки регистерски таблички, управуван од дваесет и две годишниот Росоманец, се превртел на коловозот и возачот се здобил со повреди. Потоа возачот на автомобилот бил префрлен во општата болница Кавадарци.

 
Повреден тракторист кога излетал од патот кај село Сирково
Регион - Росоман
Понеделник, 18 Април 2016 09:01

Tешко е повреден , тракторист од селото Сирково кај Росоман, откако излетал од патот. Трактористот е на возраст од четириесет години а несреќата се случила вчера околу 15 часот и 13 минути кај местото викано „Чернец“. Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

 
Студот ги обра праските во росоманско
Регион - Росоман
Понеделник, 28 Март 2016 14:56

Огромни штети викендов претрпеа праската и кајсијата. Ниските утрински температури кои  во изминатите два дена се спуштија и до -4 степени „ги обраа“ предвреме  најосетливите сорти.

 
Дополнителни 250 кубни метри вода за Росоман, Манастирец и Рибарци
Регион - Росоман
Четврток, 01 Октомври 2015 14:19

Жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци конечно ќе добијат доволни количини на вода за пиење. Денеска беше пуштен во функција нов резервоар кој ќе обебзедува дополнителни 250 метри кубни.

 
Производителите на праски незадоволни од откупната цена
Регион - Росоман
Петок, 24 Јули 2015 15:31

Незадоволни од цената по која им се откупува годинашниот род се поголем дел од производителите на праски во Росоман. Денека посетивме откупни пунктови. На еден од нив колони трактори чекаа ред да го продадат родот. Овоштарите ни се пожалија дека цената која им се плаќа за откуп не им ги покрива трошоците.

 
Росоман со нов кванташки пазар
Регион - Росоман
Вторник, 30 Јуни 2015 15:55

Од утре и официјално кванташкиот пазар во општина Росоман ќе работи од нова локација.Денеска се финализираа последните подготовки, а теренот е чист и подготвен од утре да одговори на потребите и на производителите и на откупувачите.

 
Росоман и Манастирец без вода за пиење
Регион - Росоман
Четврток, 18 Јуни 2015 14:00

Поради поголем дефект на водоснадителниот систем Росоман и селото Манастирец се без вода за пиење. Настанала хаварија поради свлекување на „турскиот рид“. Поради тоа жителите на Манастирец три дена немаат вода за пиење.

 
Големи штети на праските и виновата лоза во росоманско од градот
Регион - Росоман
Четврток, 18 Јуни 2015 12:20

И до сто отсто се штетите врз овошните и лозови насади во општина Росоман од силните врнежи од град. Вчера попладне атарот на селата Сирково, Рибарци и Манастирец беа зафатени од силно невреме проследено со пороен додж, силен град и ветер.

 
Стартуваше бербата на праски
Регион - Росоман
Сабота, 13 Јуни 2015 12:42

Со откупна цена од 20 до 60 денари започна годинашнава берба на праски во најголемиот производен регион за праски во земјава, росоманскиот.

 
Големи штети направил градот во росоманско
Регион - Росоман
Понеделник, 25 Мај 2015 11:21

Интензивни врнежи од дожд и град вчера попладне ги зафатија Росоман и околинината. Настрадаа многу земјоделски насади. Градот бил со големина на лешник и орев.

 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 1 од 7

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20