Пофална диплома за романот „Животна посветеност“ на писателот Божидар Јовиќ
Здружението на писатели – просветни работници на Македонија му додели пофална диплома на пензионираниот просветен работник и писател Божидар Јовиќ за неговиот роман „ Животна посветеност“.
– Сè што е напишано во романот „Животна посветеност“ претставува своевиден дијалог со душата и разбрането, посегнување кон состојбите во животот на човекот. Но вечна е добрината и љубовта на мајката na овие простори. Посветеноста во себе ја носиме од првиот ден на раѓањето, ја издигнуваме како пример на животна определеност да се успее во животот, на патот исполнет со многубројни непознанија, рече Јовиќ.
Инаку, романот е објавен на 212 страници и составен е од три делови. Неговиот промотор, Проф. Д-р Васил Тоциновски , во поговорот истакна дека романот е ново и вредно дело во севкупното книжевно и научно творештво на Божидар Јовиќ и може да се одреди како роман хронологија. Во него наратор е писателот кој хронолошки опстојно и доследно ги запишал личностите, времињата и настаните. Наративната постапка Божидар Јовиќ ја остварува на две нивоа, кажување и дијалог, што во создавањето на структурата на романот се рамноправни. Раскажувањето во трето лице е насочено кон отсликувње на времето и на просторот. Поетскиот дух на Јовиќ доаѓа до израз во описите на природата, во создавањето пејзажи кои, како надворешни, видливи и допирливи нешта, се во постојана хармонија со човековата свест и совест, со неговите копнежи и соништа како невидливи и не ретко неразбрани внатрешни состојби и достоинства../У.Ј