Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Промоцијата на поезијата на поетот Тоциновски ќе се одржи во вторник, на 20-ти март, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес. Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски. Избор од поезијата на Тоциновски ќе читаат актери од театарот, во музичка придружба на Сашко Костов.

Културниот настан ќе започне во 20 часот. 

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечери со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев, Павлина Климкар Меанџиева и Игор Крајчев./У.Ј.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново