Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

По повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска продукција „Кралските копилиња“, авторски проект на Сашо Димоски.

Станува збор за праизведба на современиот драмски текст „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски, кој во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работен според пост-тројанскиот митски циклус сместен во кралската куќа Арг.

„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја. Претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на тесктот, режисер и автор на аудио-визуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видео-дизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и плакатот е Адам Мартинакис.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Марија Стефановска како Ифигенија, Фаик Мефаилоски како Егист и Маја Љутков како Касандра.

„Кралските копилиња“ е прва премиера од Годишната програма на Велешкиот театар за 2018 година и истата театарот ја реализира од сопствени средства. Првата реприза на претставата е предвидена на 31-ви март./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново