Во Велешки театар вечер со поезијата на на Димитри Соле Љубин
Објавено на 19 април, 2018 во 11:35
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, избор од поезијата на Љубин ќе читаат актерките Кети Борисовска и Талија Настова, во музичка придружба на Сашко Костов.
Циклусот поетски вечери е програмска активност на Велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечери со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев, Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев и Васил Тоциновски.
Во вторник, на 24-ти април, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот./У.Ј