Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во рамките на културната вечер ќе бидат проектирани 10 кратки играни филмови изработени од страна на студенти од филмската Академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги проследат филмовите „Уште една шоља кафе“ на Ѓорѓи Лазов, „Инцидент“ на Сара Јазаџиска, „Вистинскиот момент“ на Александар Арсовски, „Среќниот ден на Лаки“ на Викторија Витанова, „Дете“ на Радован Петровиќ, „Болното место на Мара и Жарко“ на Александар Арсовски, „Брат и сестра“ на Тања Симоновска, „Ѕвонче“ на Димитар Јанкоски и „You’ll be a women soon“ на Ѓорѓи Лазов.

Овие филмови обработуваат најразлични теми кои ги среќаваме во нашето секојдневие, дел од ликовите може да ни послужат како пример за потсетување што значи да се биде храбар и дали вреди да се биде дрзок во момент кога треба да се превземе контрола врз сопствениот живот. Со овие филмови ќе се потсетиме на силата на поединецот, на тоа како да се признаат направените грешки, како да осознаеме за изгубеното време и многуте пропуштени прилики. Но на крај ќе се запрашаме што сме сега и што сакаме да бидеме во иднина. 

Во филмовите се појавуваат голем број на актери и актерки меѓу кои: Ирена Илиевска, Жарко Спасовски, Јелена Јованова, Гораст Цветковиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Виктор Арев, Иван Дуковски, Весна Димитрова-Бобевски, Слободанка Чичевска, Миле Вретеовски, Владимир Тулиев, Зорица П. Панчиќ, Марија Баркова, Ѓорѓи Јолевски, Викторија Анѓушева, Атанас Тановски, Љубиша Гавровски и многу други.

Студентска филмска ноќ во велешки театар ќе се одржи на 15 мај, вторник, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново