Претставата „Вдовицата се мажи“ на Велешки театар со две награди на фестивал во Русија
Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес со претставата “Вдовицата се мажи” ги доби наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл на Интернационалниот театарски фестивал “Руска класика”-Лобња во Москва, Русија .
„Вдовицата се мажи“ работена според едночинката “Мечка” на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.
Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирнов и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова./У.Ј