Стрип центарот на Македонија издаде три нови изданија
Издадени се два нови броја на ревијата „Стрип Креатор“ ,како и стрип книгата „Хацон ,Крал Пребонд ,Климент Охридски“од македонскиот доајен Миле Топуз. Споменатите изданија се дел од годишната програма за издаваштво на Министерството за култура.
Ревијата „Стрип Креатор “ е единствено постојано стрип издание кое ги презентира наградените како и подобрите македонски стрипови од последниот 15 Интернационален стрип салон „Велес 2017“. Во оваа ревија свои први стрипови објавија некогаш младите а сега веќе афирмирани стрип автори од нашата земја. Во последните броеви на „Стрип Креатор“ се објавуваат стрипови почнувајќи од ветераните Диме Иванов-Димано ,Тоде Блажевски преку неправедно запоставениот Јорданчо Давидовски и завршувајќи до средношколката Калина Печевска. Исто така , во овие два броја е претставен еден дел од стрипот „Клеопатра“ кој , за жал, не ја доби поддршката од комисиите на Министерството за култура.
Стрип книгата „ Хацон ,Крал Пребонд ,Климент Охридски “од Миле Топуз дава придонес во популаризацијата на македонската историја од средниот век .Со тоа уште еднаш се потврди дека стрипот,како светски позната деветта та уметност може да има голема примена во социјалниот живот, вклучително и во образованието. Затоа јавната поддршка кон стрипот треба да остане на високо ниво, почитувајки ги принципите наведени во Стратегијата за култура на Р.Македонија:деметрополизација ,повеќегодишно искуство и квалитет.
Техничкиот дизајн на овие изданија е на Александар Стеванов. И тој е вклучен во списанието „Стрип Креатор“ преку стрипот „Мачорот што сакаше да биде крал на светот“ во кој коавтор е Катерина Тери Николовска./У.Ј