Промоција на стрип едицијата „Лифт“,вечерва, во Дом на култура во Кавадарци
Објавено на 7 јуни, 2018 во 08:57
Вeчерва во Галерија на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, ќе се одржи промоција на пет дела од стрип едицијата “Лифт“, на издавачката куќа „Темплум“ од Скопје.
Промоцијата преставува единствена можност на лице место да се набави комплетната едиција „Лифт“.
Настанот претставува ретка пригода во Кавадарци да се промовираат стрип изданија, како придонес кон стрип културата како уметност која има исклучителна вредност при градењето и конзумирањето на урбаната култура.
Промоцијата ќе започне во 19 часот./А.Д