Промоција на романот на годината “Одбројување“ на Фросина Пармаковска во Кавадарци
Најпрестижно признание за литературно дело што во државата го додели Фондацијата “Славко Јаневски“ за минатата година му припадна на романот “Одбројување“ на Фросина Пармаковска во издание на Издавачката куќа “Или Или“ од Скопје.
Романот пред љубителите на пишаниот збор во Кавадарци ќе го промовираат новинарот Ѕвездан Георгиевски и писателот Петар Андоновски, кој исто така е добитник на оваа престижна награда за 2015 година. Извадоци ќе чита Мери Каровска а пред публиката ќе говори и авторката Фросина Пармаковска.
Романот ќе биде во слободна продажба за време на промоцијата кога авторката Фросина Пармаковска ќе потпишува купени примероци од романот.
Промоцијата ќе се одржи во четврток, на 14 јуни, со почеток од 13 часот во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци./У.Ј