Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

odbrojuvanje

Семејна драма од современото скопско секојдневие опишана во романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, добитник на наградата „роман на годината што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“ денеска беше промовиран во Кавадарци.

Автрорката на романот, искажа задоволство од можноста да го претстави своето дело и пред кавадарчани.

-Прекрасно се чувствувам, особено што и лично прв пат сум во Кавадарци, прв пат и промовираме роман. Се надевам дека ќе ги задоволиме очекувањата на публиката. Мене секогаш ми е тешко да зборувам за моите романи. Накусо, во овој роман станува збор за една млада жена која што е во брак со лице кое што има психички проблеми и понатаму за сите контрадикции во кои таа влегува. Накусо тоа е содржина на романот кој завршува со една порака за надеж, за живот. На сите ни треба надеж и повеќе оптимизам“ рече Пармаковска.

 

Ѕвездан Георгиевски од фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ е задоволен од изборот на жири комисијата на романот „Одбројување“ од Парамаковска.

- Многу сум среќен што овој роман е добитник, затоа што беше пречекан со неподелени чувства, позитивни, и од критиката и од публиката. Досега не слушнав ни една критика зошто овој роман ја добил наградата. Фросина Пармаковска ја следам од нејзините сами почетоци и има една стилистика која носи новина и свежина во македонската литература“ додаде претставникот од Фондацијата „Славко Јаневски“. 

Георгиевски се осврна и работењето на фондацијата која меѓу другото по примерот на „Утрински весник“, кој веќе згасна, ќе доделува награда за роман на годината, награда што весникот ја доделуваше од 1999 година па се до згаснувањето.

- Постоиме 5-6 месеци. Првата идеа беше токму наградата роман на годината. Неколку луѓе, ветерани од Утрински весник, сфатија дека со згаснувањето на весникот ќе згасне и наградата „роман на годината“. Сметавме дека тоа е бренд кој има традиција. 18 години до тогаш беше доделувана. Знаеме дека во Македонија многу тешко се создава традиција, а многу лесно се уништуваат. Се обидовме прилично ентузијастички да не дозволиме дисконтинуитет и да продолжи оваа награда“ рече Георгиевски.

Романот на Пармаковска беше избран меѓу 27 пристигнати романи. „Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.

Aнгел Данов

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.