Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

TomeJanevski fin

Фестивалот ќе започне во среда, на 4 јули со дефиле од пред Средношколскиот дом„Лазар Лазаревски“ низ централните градски улици до амфитеатарот на Младински парк. Дефилето ќе го предводат мажуретки од Скопје и од Велес. Во поворката ќе учествуваат учесниците на ансамблите, културно уметничките друштва, оркестрите, пејачките групи и вокалните интерпретатори на годинешното фестивалско издание. Сите тие заедно ќе тргнат од пред ученичкиот дом во 19 часот и во Младински парк ќе стигнат во 20.15 часот за кога е закажан почетокот поточно свеченото отворање на јубилејниот МФФ „Велес 2018“.

- Велешани и сите љубители на фолклорот од Македонија ќе имаат можност да ги проследат настапите на вкупно 18 учесници на фестивалот од кои шест ансамбли од странство и 10 од Република Македонија. Овојпат од странство доаѓаат ансамбл од Мексико, од Естонија, две културно уметнички друштва од Србија, од Словачка и од Црна Гора. Од Македонија ќе настапат Грдскиот дувачки оркестар од Штип, фолклорното студио „Етнос “ „Фолклор“ и „Јенијол“ од Скопје, „Александар Турунџев“ од Битола, „Мирка Гинева“ од Демир Капија како и домаќините „Керамичар“, „Коле Неделковски“,„Вила Зора“, „Велешки чалгии“, „Распеани Велешани“ и „Распеани пензионери“,рече Претседателот на Организациониот Одбор на фестивалот -Томе Јаневски.

Фестивалот ќе трае до 7 јули. Три од вкупно четирите фестивалски вечери, што традиционално се одржуваат во Амфитеатарот на Младински парк, се со почеток во 20.30 часот. Само последната вечер кога се доделуваат наградите и признанијата по што фестивалот се затвора ќе почне во 20 часот. Во случај на лоши временски услови програмата ќе се одржува во спортската сала „Гемиџии“.

- Ги поканувам сограѓаните, како и секоја година, масовно да го поддржат фестивалот со своето присуство и да уживаат во програмата на сите четири фестивалски вечери. Се надевам дека и овој пат заедно ќе се покажеме како одлични домаќини на оваа реномирана меѓународна манифестација и ќе имаме јубилеј за паметење, додаде Јаневски.

Тој изрази задоволство што фестивалот годинава ќе слави петнаесетгодишен јубилеј преку кој Велес на светот му покажува дека прерасна во центар на светскиот фолклор и култура. Годинава ИФФ „Велес 2018“ е поддржан со 600.000 денари од Општина Велес и со 250.000 денари од Министерството за култура. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.