Концерт на Бенсман саксафон квартет во Велес
Објавено на 17 јули, 2018 во 15:25
Бенсман саксафон квартет ќе одржи концерт во среда, на 18 јули, во големата сала на Општина Велес. На програма се дела на Шахов, Николовски, Bensmann, moulaert, Smetana, Piazzolla.
Почетокот на концертот, кој е претставен како уникатно уметничко доживување, е закажан во 20 часот.
Концертот е дел од културните летни содржини на општината./У.Ј