Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kruznamasa1 fin

Новина што единствениот фестивал на античка претстава во Македонија ја воведе од годинава се токму кружните маси на кои актерите, драматурзите, режисерите разговараат и ги анализираат прикажаните претстави. Нив треба да ги има секој фестивал, било како и да е профилиран, што тежнее да биде квалитетен и препознатлив. Така смета драматургот на велешки театар Сашо Димоски кои заедно со Организациониот одбор одлучија да ги организираат за прв пат на годинешниот 17 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2018“.

Saso Dimevski fin

- Треба да ги има на сите фестивали започнувајки на „Војдан Чедродрински“, на кој веќе долго време не се разговара за се што е македонска театарска продукција , па ние на „Стоби“ се обидуваме да го започнеме бидејќи претставите не се само за гледање. За нив мора да се разговара и да се види зошто ние нив ги правиме. Публиката треба да ја слушне и оваа, друга страна, се што се случува во процесот на создавање на театарските претстави пред завесата да се дигне за прв пат. Сметам дека разговорите со уметниците и со авторите на претставите ќе придонесе за поблиско доближување на театарот до публиката и се надевам дека на овие кружни маси ќе имаме публика која ќе се интересира да слушне што авторите и уметниците имаат да кажат за својата уметност, рече Димоски.

Првата кружна маса се одржа, наредната ден, по прикажувањето на премиерата на „Лисистрата“ на велешки театар на ИФАД „Стоби“. Наредната ќе биде посветена на претставата „Јулие Цезар“ на битолски театар. Кружните маси се одржуваат на малата сцена на велешки театар, наредниот ден, по прикажувањето на преставите на фестивалот, со почеток во 12 часот. Публиката е добредојдена./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново