Велешки театар со претставата „Вдовицата се мажи“ на Меѓународен фестивал во Крива Паланка
Објавено на 17 септември, 2018 во 12:12
Во Центарот за култура во Крива Паланка, на 19-ти септември, со почеток во 20 часот, Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе настапи на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ со комедијата „Вдовицата се мажи“, работена според „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски.
Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирнов и Младен Крстевски како Лука.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова./У.Ј