Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Festival fin

Стрип-центарот на Македонија ,со седиште во Велес, изминатиот викенд на 14 и 15 септември , го промовираше македонскиот стрип на 12-тиот „Новосадски стрип-викенд“.На посебен штанд беа промовирани изданијата „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“, како и авторските стрип-книги издадени од страна на македонскиот стрип-центар.

VaneTrajkov fin

Промоцијата е резултат на континуираната соработка со стрип-чинители од регионот.

Sredba fin

На значајната културна манифестација извршниот директор на македонскиот Стрип центар, Ване Трајков и програмскиот координатор Томе Трајков остварија интензивни контакти со реномирани стрип автори од регионот како што се Бане Керац, Игор Кордеј, Светозар Обрадовиќ Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ како и со младата стрип цртачка Ања Тановиќ.

Учеството на „Новосадски стрип-викенд“ овозможи средби и со претставници на други значајни фестивали како што е „Нифест“ од Ниш.

SredbaTomce fin

Во консултациите што биле направени произлегла идеја за формирање и на Асоцијација на стрип фестивали./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново