Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PremieraKV Teatar fin

Премиерната изведба на претставата “Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова ќе се одржи во четврток, на 20 септември, со почеток од 19.30 часот во Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Претставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата.

Првата реприза е закажана веќе за в понеделник, на 24 септември.

Годинава, ова е втора премиера на кавадаречкиот Театар што ќе биде дел од репертоарот покрај хит претставата “Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов.

Оваа година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиерни претстави од кои првата ќе биде наменета за возрасната а втората за детската публика. Менаџерскиот тим на кавадаречкиот Дом на култура смета дека годинешнава продукција преставува огромен успех што се манифестира преку голема посетеност на претставите, ако се има во предвид дека Театарот е аматерски, иако актерите покажуваат голема професионалност./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново