Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Intimenbitolskiteatar fin

На Малата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува Интимен театар од Битола со претставата „Три прави, три опачни“ (седум осмини) по текст на Никола Пројчевски и во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Претставата „Три прави, три опачни“ е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам. Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава. Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми.

Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок, и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува околу нас.

„Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што уопрно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.

Во претставата настапуваат актерите Никола Пројчевски и Јасмина Петровска, тон мајстор е Христијан Манојловиќ, а светло мајстор Томе Ѓорѓиевски.

Гостувањето на Интимен театар од Битола во Велес е во недела, на 7-ми октомври, со почеток во 20 часот. Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново