Стрип центарот на Македонија со изложби во Ресен, Охрид и Струга
Стрип Центарот на Македонија, со седиште во Велес пред љубителите на овој вид уметност, во Охрид, Ресен и Струга, ги изложи наградените стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес како и стрип делата на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус.
Во Струга ,како мешано етничка општина , беа претставени и стрип дела од автори од соседна Албанија, со кои СЦМ Велес има остварено плодна соработка.
Стрип караванот започна на 18 октомври кога изложбата во Домот на културата ја разгледаа граѓани на Ресен и продолжи во Охрид со претставување пред тамошната публика во Домот на култура „Григор Прличев“.
Вечерва, 25 октомври, постановките се поставени во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ – галерија Вангел Коџоман, пред граѓаните во Охрид.
Во исто време постетителите присуствуваат и на промоциите на изданијата на стрип книги и списанија „Креатор“ и „Стрип Алманах“.
Организаторите, исто така, остваруваат и неформална комуникацијаи контакти со заинтересирани таленти и стрип фанови
Според нивните изјави значењето и успесите на традиционалниот стрип салон, вклучувајќи ја и стрип колонијата, интензивната меѓународна соработка, издавањето на списанијата „Стрип Креатор“ и „Стрип Алманах“ како и издавањето на стрип книги се доволен поттик тие да размислуваат и за други проекти за натамошен развој и афирмација на оваа уметност./У.Ј