Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Anabela1 fin

Балетско студио Анабела учествуваше на два големи натпревари што се одржаа во Македонска опера и балет поточно на Светско првенство во модерни танци „WADF – World artistic dance federation“ и Меѓународен натпревар на „IDO –International dance organization - DANCE OFF“. И на двата натпревари конкуренцијата беше голема, поточно на првиот учествуваа натпреварувачки од 16 држави од светот додека на вториот над 4.200 учесници од 21 држави од Европа.

Anabela2 fin

На Светското првенство, јуниорките на Анабела се претставија со кореографија на рускиот танц „Калинка“ и го освоија третото место или бронзениот медал додека на Меѓународниот натпревар 55 балерини на Анабела се закитија со четири златни медали. Тие освоија први места и златни медали во категориите: најмали членови со кореографијата „Цвеќиња“, балерини од мала напредна група со кореографијата „Шпански танц“ и јуниорките со кореографијата „Пирати“. За својот соло настап со кореографијата „Зајди, зајди“ златен медал освои и Дора Пајдакова додека деветото место и припадна на балерината Кристина Кочова за соло настапот со кореографијата „Bohemian rhapsody“.

Anabela3 fin

Anabela5 fin

Anabela4 fin

- Балетското студио „Анабела“ и во иднина ќе учествува на вакви силни натпревари, а веруваме дека вложениот труд ќе биде награден на наше, но и на задоволство на нашиот град – Велес. Веќе на 15-ти декември, ќе учествуваме на Меѓународниот натпревар „Temple of dance“ кој ќе се одржи во градот Самоков во Бугарија. Имаме покани и за други меѓународни натпревари, но настапите се неизвесни поради самофинансирањето од страна на родителите па затоа не секогаш сме во можност да прифаќаме покани и да се натпреваруваме за да се афирмираме како ние така и нашиот град, рече инструкторката Цеца Пајдакова./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново