Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PortretnaDimitrijaAxiManceKRUPNO

Портретот на „Димитрија Аџи Манче Данов“, кујунџијата, насликан во 1924/25 година од велешкиот Пикасо, поточно Ѓорги Зоографски, се до 2018 година во историјата на македонската ликовна уметност беше само нотиран и никогаш званично претставен или изложуван. Уметничката слика е во сопственост на семејството Манчеви. Овој заборавен портрет, за прв пат, јавно беше промовиран годинава, кога Општина Велес го одбележуваше празникот на градот 9 Ноември.

Gjorgji Zoografski fin

Велешкиот Пикасо, Ѓорги Зоографски 

Според информации на Стефан Манчев, кој ја поседува уметничката слика, неговиот татко Димче инаку внук на Димитрија Аџи Манче Данов, само еднаш ја дал да биде изложена кога била оштетена. Тоа било пресудно семејството да донесе одлука никогаш повеќе да не биде покажувана јавно. Сите изминати години портретот беше поставен само на ѕидот во кујунџискиот дуќан на фамилијата Манчеви, веднаш под Градскиот саат.

DimitrijaAhiMancedukanotpodsaatot

Кујунџискиот дуќан на семејството во Велес

Несоодветно чувана, во просторија затопувана со огревно дрво, оваа уметничка слика целосно ќе беше уништена доколку во еден разговор со Стефан и со фотографот Боре Левков, не ја отворив како тема за разговор. Стефан Манчев, инаку мој братучед, е наследник на кујунџискиот занает на своите дедовци. Тој е пра внук на Димитрија Аџи Манче Данов и последен велешки кујунџија. Тогаш разговорот заврши со констатација да сториме се што можеме за реставрирање на уметничката слика. Тоа ме поттикна да разговарам со Елица Николова од Народниот музеј во Велес и со Живко Пренџов, академски сликар. Николова како директор на културната институција и Пренџов како поранешно вработен во велешкиот Музеј со искуство за реставрација на слични дела. И имаше резултат затоа што уметничката слика беше прегледана и беше отворена постапка за нејзина заштита како ретко уметничко дело, кое е од посебна важност за Република Македонија.

DimitrijaAgjiManceprvoviduvanjenaslikata fin

Портретот на Димитрија Аџи Манче Данов, пред да биде јавно изложен 

Веста за заштитата на уметничката сликата се пренесе во јавноста и Стефан доби понуда од Градоначалникот Аце Коцевски портретот да биде поставен и јавно промовиран во холот на театарот “ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, како што веќе напишав, како дел од програмата за одбележување на 9 ти Ноември – Ден на ослободувањето на Велес. Тоа и се случи , пред самиот чин на свеченото доделување на 9 то ноемвриските награди за 2018 година.

Portretotna DimitrijaAxiMancesoVnukotSTEFAN

Историчарот на уметност Елица Николова со директорката на Народен Музеј Велес, Анита Василкова Мидоска и пра внукот Стефан Манчев

На присутните им се обрати Елица Николовска , која даде стручен осврт и укажа на потребните чекори за заштита на ова дело со цел да стане репрезент на велешката ликовна уметност.

Се надевам дека со залагање на Општина Велес „Портретот на којунџијата Димитрија Аџи Манче Данов“ ќе ја доживее реставацијата и градот ќе може него да го прикажува како дело од исклучителна важност бидејќи е насликано од врвен мајстор што впрочем и е Ѓорѓи Зографски.

Но, приказната за уметничката слика не би била потполна, ако не се раскаже и семејната приказна за личноста која е портретирана, велешанецот Димитрија Аџи Манче Данов. Тој не само во семејството туку и пошироко беше препознатлив како Дедо Манче којунџијата.

Дедо Дано е првиот во семејната лоза кујунџии за кој слушав многу во семејството. Така дознав дека дедо Дано бил роден во Велес, во дваесеттите години на 19 век. Неговите предци се доселиле многу порано во градот поточно во време кога започнал да се населува ридот Крајник, кој подоцна во турските дефтери е запишан како Кујник (Којник), поради едноставна јазична грешка во преводот. Предците на дедо Дано дошле во Велес од селото Милино, каде поседувале чифлик, многу земја и стока. Поради чести напади,пљачки и убиства во селото мажите од семејството останале на чифликот додека повозрасните, жените и децата, се доселиле од Милино во куќа на Солено чешмиче, под Којник.

Andrea Damjanov fin

Црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“ изградена од градителот и неимар Андреа Дамјанов

Во времето на изграбата на црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“, помеѓу 1837 и 1840 година дедо Дано активно се вклучил во активностите на Одборот. Се запознал лично со мајстор Андреа Дамјанов. Познанството продолжило со прифатената понудата за гостопримство од страна Дамјанов во куќата на дедо Дано. Дамјанов користел собата се додека не изградил сопствената куќа во маалото.
И покрај тоа што дедо Дано починал многу години по Андреја Дамјанов тој многу желел за својот пријател, особено што умрел релативно млад на шеесет и пет години и „од нога“. Пред да почине дедо Дано оставил аманет, барем еден внук во семејството да биде крстен со име Андреа, по името на Дамјанов.

Поради заслугите околу градбата на црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“, дедо Дано побарал и добил гробни места веднаш десно до црковната порта. Таму насадил смоква „ за сенка“ и велел дека сака со своите коски да го крепи црковниот ѕид . Неговата гробница се наоѓа веднаш до ѕидот кој го опшива црковниот двор за како што посакувал „постојано да ги слуша црковните ѕвона“ .

Дедо Дано имал двајца синови. Манче поточно Димитрија Аџи Манче Данов кој бил помлад и Јован кој бил постар. Јован се бавел со трговија на стока и го надгледувал чифликот во село Милино. Тој е мојот пра дедо, од кој потекнуваат дедо ми Ангел и татко ми Боро. Тие го задржале презимето Данови, по името на дедо Дано. Јас сум нивниот последен машки потомок со презиме Данов.

Инаку, дедо Димитрија Аџи Манче Данов бил испратен во Призрен, во тоа време најголем балкански центар за филигран и кујунџиство, на изучување на занаетот. Кога се вратил во Велес тој отворил кујунџиски дуќан во чаршијата , веднаш под градскиот саат. Дуќанот постои и сега, а го држи последниот кујунџија во семејството Стефанчо Манчев.

PortretotnaDimitrijaAxiMancesoLjupsoDanov

Пра внуците на Димитрија Аџи Манче Данов, Љупчо Данов и Стефан Манчев

Димитрија Аџи Манче Данов со сопругата Султана добиле син, кој според аманетот на дедо Дано го крстил Андреа, кој исто така го наследил занаетот и работел како кујунџија во истиот дуќан под Градскиот саат . И неговите синови Киро, постариот, и Димче, помладиот син, го продолжиле кујунџискиот занает. Тие го смениле презимето и го земале по дедо Манче поточни се први во семејната лоза на Манчеви. И нивните синови Трајче и Стефан го продолжија занаетот, а денес активно работи само помладиот Стефан.

Тоа е историјата на поширока фамилија Данови - Манчеви .Но, тоа не е се. Имаме уште што да кажеме и представиме од нашата семејна лоза. Засега ќе бидеме скромни и ќе застатнеме тука.

Љупчо Данов

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.