Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Premiera Teatar fin

На жестоката политичка сатира на чиновништвото како и бирократските процедури зад кои се кријат мали луѓе кои малтретираат мноштво граѓани се гради дејството во претставата „Сомнително лице“ кое режисерот Венцислав Ристов го осовременува со адаптација и на сегашноста.

-Текстот е тој, проблемите и карактерите се истите. Немаме намера да се натпреваруваме со претходните изведби, да ја земам во предвид претставата што сме ја работеле во 2005 година, во овој театар, без разлика на тоа кој ги играл улогите, во смисла дали и сега истиот актер ќе ја игра истата или некоја друга улога. Сега имавме нов процес на создавање во нови контексти. Многу ретко се случува во еден театар да направите пет изведби на ист текст без разлика на временската дистанца од педесет, седумдесет или сто години, рече в.д директорот на велешки театар Александар Ивановски.

Досега претставата „Сомнително лице“ , во велешки театар, била поставена четири пати и тоа во 1950, во 1955, во 1984 и во 2005 година. Сега, актерите што ќе ги толкуваат добро познатите улоги на полицискиот началник Јеротие Пантиќ, околискиот писар Виќа, стажантот - практикант Таса, полицискиот писар Жика, чорбаџи Миладин и останатите се Младен Крстевски, Васил Зафирчев, Ѓорги Тодоровски-Трупче, Драган Миладиновски, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски, Александар Ѓеоргиев, Кети Борисовска, Талија Настова, Мане Ташев и Кире Ацевски.

Сценографијата во претставата е на Весна Богоевска, костимите се на Невенка Тодоровска додека музиката ја избра Сашко Костов.

Претстава што ќе ја има премиерната изведба во понеделник 10 декември е финансирана од годинашната програма на Министерството за култура. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново