Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Karmenopera fin

Велешани, особено љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската Опера и Балет на кој ќе настапат Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски, самостојно и во дует. Оперските пејачи и певици ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах.

Гала концертот ќе се одржи на Големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во среда на 26 декември со почеток во 19.30 часот. Го организираат Општина Велес со поддршка на Националната Установа Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ – Велес со учество на 70 членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Операта. Влезот е слободен.

По тринаесет години Велешани повторно ќе имаат можност да уживаат во оперската уметност.

Претходно, МОБ во градот има настапено во 2005 година со операта „Рита“.

Според најавите од општината,вгодина во месец февруари, Велешани ќе можат да уживаат и во балет откако е упатена покана за гостување на култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола на Македонска опера и балет./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново