Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Temkovizlozba fin

Во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот ликовен уметник Владимир Темков од Кавадарци.

Изложбата, која содржи дела од неговото најново творештво, ќе означи два значајни јубилеи на авторот и тоа 40 години творештво и 60 години живот. Изложбата пред љубителите на ликовната уметност ќе ја претстави академик Блажо Боев.

Отворањето на изложбата е закажано за петок, 18 јануари 2019 година, со почеток од 19.40 часот.

Исто така, Домот на културата е во интензивна подготовка на одбележувањето на јубилејот 90 години од одигрувањето на првата официјална театарска претстава во Кавадарци.

KVteatarpretstava fin

Значајниот јубилеј ќе биде одбележан во претстојната година со бројни настани како што се: премиери и репризи на театарски претстави, изложби на автори - гости и други културни настани. Театарот при Домот на културата веќе ја подготвува театарската претстава „Од кол на кол“ по текст на Реј Куни и во режија на Диме Коцевски. Премиерното прикажување на претставата се очекува во втората половина на месец февруари.

Освен оваа, театарот годинава ќе подготви уште две премиери на претстави за граѓаните како и три премиери на претстави за деца. Започната е и подготовката на првата од нив.

Одбележувањето на јубилејот на Театарот во Кавадарци ќе започне кон крајот на овој месец со реприза на хит претставата “Пасивно пушење“./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.