Дома непризната а во светот македонската научна фантастика постигна нов успех
Во светската Антологија на научна фантастика, издадена лани , меѓу бројните поети од седумте континенти на земјината топка е објавено творештвото и на македонската научна фантастика. Поточно во неа е објавена втората збирка на научна фантастика „Откривање на постоењето“ на македонскиот автор Љупчо Михајловски. Станува збор за големо признание на македонската научна фантастика и поезија во светски рамки.
-Тоа всушност е вториот дел од објавената трилогија „Ѕвездена прашина“. Првиот дел е насловен како „Осамениот летач“, вториот „Откривање на постоењето“ и третиот „Смртта на ларвата“. Во него е опишано едно патување на човечкото битие, неговиот развој, од обично земско суштество кое патува во вселенскиот простор каде се претвора во космички ентитет како составен дел на вселената. За да стане таков ентитет е потребно основното чувство а тоа е одговорноста, рече Михајловски.
Сите три дела на трилогијата се издадени во Македонија . Сега трилогијата ја доживува планетарната прошетка преку објавите во антологии ширум земјината топка.
-Објавувањето на дела со научна фантастика во Македонија е пракса да бидат лично финансирани. Сите мои досегашни книги сам ги финансирам затоа што интерес не покажале, барем досега, ни министерството за култура ниту локалната самоуправа. Можам да соопштам дека министерството лани го постигна рекордот со одбивања на моите барања кои се однесуваа на промоции на македонската научна фантастика во Јужна Америка на светскиот поетски фестивал посветен на Пабло Неруда, на мировната конференција во Нигерија, како и за врачувањето на признанието во Индија, додаде Михајловски.
Тој смета дека и на овој начин е забележана македонската научна фантастика во министерството за култура./У.Ј