Отворено писмо на Стрип центар на Македонија до Министерството за култура
Почитувани, oд името на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ја поздравувамe Вашата одлука за ревизија на Годишната програма за култура за 2019 г . Бидејки нашите забелешки ги сметаме за принципиелни а се во интерес за развој на 9-та уметност кај нас ,истите ќе ги елаборираме:
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ -најстарата стрип манифестација во Македонија , Интернационалниот стрип салон којшто од 2018 година премина во неколкудневна меѓународна стрип колонија ,прв пат после осумнаесет години НЕ С Е ФИНАНСИРА ОД МИНИСТЕРСТВОТО.
Овој салон ги отвори вратите на младата македонска стрип сцена кон стрип сцени ,манифестации и фестивали од странство.Овде без проблем другаруваа автори од сите држави на Балканот( вклучено и превземеното менторство на младите стрип сцени од Косово и Албанија,како и од Грција) вклучени и Јапонија, САД и Швајцарија. Оваа манифестација и досега беше финансирана со многу скромни средства што доведуваше до реални пропусти во организирањето ; сместување, награди, жири комисија. Наместо ситуацијата да се корегира кон подобро преку овозможување на пристојни средства ,бидејки 1-та стрип колонија претставува повеке денови за престој , но самата активност по себе овозможи солидна интернационална стрип соработка и медиумска покриеност
ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ -стрип книгите кои се усвоени за финансирање , но со премногу мала , да не речам мизерна сума која не го покрива ни печатењето. Да потсетам дека освен афирмирање на македонските автори, како врвен приоритет, Диме Иванов – Димано, Миле Топуз, Александар Стеванов се сврте и кон други етнички колективитети ширејки ја интеркултурата како принцип : Марко Стефановиќ – Србија за делото РЕКВИЕМ (за објава на македонски и српски јазик). Оваа книга е дел од едицијата ВЕКОВНИЦИ во која како дел од мрежа на автори и издавачи се вклучени голем број на стрип автори од балканските земји. Македонија изостанува. Гани Јакупи за делото ХАВАНА , САД ( за објава на македонски и албански јазик).
Во делот на издавачката стрип дејност поставуваме принципиелно прашање :дали за македонската стрип сцена е побитно афирмирањето на македонските стрип автори , па дури и интеркултуралната компонента и свртеноста кон разни етнички колективитети ( на која во јавноста толку се инсистира) отколку финансирањето на чисто лиценцирани изданија. Ова прашање не го посветуваме само околу изданијата на СЦМ.
ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ДЕЈНОСТИ -реагираме на малата сума за ИНТЕРКУЛТУРНОТО СТРИП УЧИЛИШТЕ кое треба да се одржи во тек на неколку дена ,во некое туристичко место, за неусвојување на проектот „СКОПСКА СТРИП АКЦИЈА“ кој што е дел од нужно потребното свртување кон главниот град. Сакавме на оваа манифестација да почнат да гостуваат стрип сцени од странство, за почеток планиравме тоа да бидете младата стрип сцена од Косово.
Да резимираме: генерална наша забелешка е дека и во сферата на стрип културата не се гледало на досегашната работа и континуитет на апликантите(пред се организации, наспроти индивидуалци) иако тоа е вметнато во критериумите. Увидот во стрип проектите во донесената и оспорена програма само по себе ќе ја конкретизира и дообјасни оваа забелешка
Со увереност во Вашата објективост
Со почит!
Тимот на Стрип центар на Македонија Велес