Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Publikarazgleduva fin

Од 13 графики на исто толку уметници е составена изложбата „Кумановски графичари 2018 година што синоќа, среда 13 март, беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Делата се дел од опусот од осмото издание на веќе традиционалната изложба во организација на НУ„Трајко Прокопиев“ од Куманово. Станува збор за дела кои се дел од проект со стремеж да овозможи континуитет во презентирањето на најновото графичко творештво во Куманово.

VasilkovaMidoska fin

- Една од карактеристиките на оваа изложба, според зборовите на организаторот и координаторот, е можноста што за првпат се вклучени студенти на крајот од студиите и кои со своите дела нудат интересни уметнички изрази и решенија. Проектот содржи 27 графички листови работени во повеќе графички техники во изминатите неколку години. Овие 13 уметнички дела се на автори кои се репрезенти на оваа изложба, рече директорката на Локалната Установа Народен музеј Велес, Анита Василкова Мидоска.

Grafika1 fin

На овој начин публиката има можност да се запознае со реномираните уметници, но и оние што допрва доаѓаат и се „кумановската графичка иднина“.

Grafika2 fin

-Учеството на овие 13 автори се репрезент на моменталната состојба во графичкото творештво на локално, кумановско ниво, овозможува широк дијапазон на различни приоди кон овој сегмент на ликовниот израз и токму оваа различност и дава динамика, разиграност и варијабилност на целата концепција на изложбата. Несомнено, во своите дела секој уметник поаѓа од сопствената инспирација преточена во сопствениот и личен ликовен ракопис. Во својата креативна патека во создавањето на делото секој од уметниците применува различни техники отворајќи една широка лепеза која поаѓа од класичните графички техники а која ја заокружува дигиталната технологија односно компјутерската графика која во дигиталното современие зема се поголем замав и тренд кој впрочем постепено зазема приоритетно место особено во оваа сфера на уметноста. Во однос на мотивите несомнено преовладува аптратктниот израз иако има и препознатливи реалистични мотиви, понекогаш нагласени со моќта на црно-белата концепција, понекогаш нагласени со јачината на полихроматскиот израз, а понекогаш со едноставноста и стилизираноста која овозможува сопствено толкување и перцепција на гледачот, додаде Василкова Мидовска.

Publika fin

Изложбената постановка во Ликовниот салон во Велес е составена од дела на авторите Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.