Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

skulptorska fin

Шест уметници, скулптори од државата и странство се дел од првата меѓународна скулпторска колонија што деновиве се одржува во градот. Ученици на првата меѓународна скулпторска колонија, која започна на 24 јуни и ќе трае до 7 јули годинава, се уметниците Горан Ѓорев, Горан Стаменков и Илчо Стојановски од Македонија, Весела Стаменова и Павел Василев од Бугарија како и Никола Ненадиќ од Хрватска. 

Тие изработуваат скулптури во мермер и од рециклирани материјали, поточно старо железо, во простор на фирмата „Пескара Вел”. Изработените уметнички дела ќе бидат во сопственост на градот Велес кој планира да ги постави на повеќе јавни површини.

Колонијата финансиски е поддржана од Општина Велес, Министерството за култура, а се реализира во соработка со Фондација за локален развој и демократја „Фокус”./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново