Изложба и театарска претстава, во новата работна година, на Домот на култура во Кавадарци
Објавено на 14 јануари, 2020 во 14:56
Домот на културата “Иван Мазов -Климе“ во Кавадарци продолжува со интензивни културни и уметнички настани.
Во недела, 19 јануари, со почеток од 19.30 чаасот, во Галеријата при Домот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци насловена како “Една година потоа“.
Два дена подоцна, поточно, вторник, 21 јануари со почеток од 20 часот, Театарот при Домот ќе ја изведе претставата “Професионалец“ работена според култниот текст на еден од најдобрите европски драмски автори Душан Ковчевиќ, во режија на Ненад Витанов,како режисер гостин.
Во претставата играат актерите Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев./У.Ј