Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Foto Kinona otvoreno1

 

5.07.2020

Околу двеста посетители во стотина возила паркирани на паркингот пред супермаркетот Кит-Го,вчера вечер, беа дојдени да го изгледаат филмот Судар (Collide) во рамките на културниот настан Drive In Cinema кино на отворено во Велес. Тие создадоа неверојатна глетка што претходно повозрасните граѓани раскажуваат дека ја гледале на филм.

Настанот започна во 22 часот со тоа што посетителите на големо платно го следеа филмот додека звукот го слушаа на радијата во автомобилите.
Во услови на епидемија на корона вирус, кога во Велес, нема други настани, Drive In Cinema кино на отворено за младите велешани претставуваше големо задоволство.

Foto Kinonaotvoreno2

- Идеата е многу добра. За прв пат се случува во Велес и во државата. Ми се допаѓа што ваква идеја од странство се реализира во нашиот град. Филмот беше добар избор на организаторите и тоа е причина повеќе за вака големиот одзив, рече млад велешанец.

- Што да кажам, одлично си поминавме. Чувството да гледаш филм на големо платно додека преку радио во автомобил го слушаш звукот, прв пат го доживеав. Многу ми се допадна. Се надевам наскоро дека ќе има нов ваков настан за повторно да дојдам, рече млада велешанка.

Своето задоволство од одзивот на велешани не го криеја организаторите од Младинското здружение „Transparent Future“.

Foto Bube Crvenpanov

-Овој настан е организиран од група млади луѓе во градот, кои секојдневно се помеѓу младите кои констатираат дека ноќниот живот е многу сиромашен. Тој е производ на идеја што како единствен настан може да се организира во услови на Ковид-19. Мотото е „Од Велес за Велес“ затоа што сите вклучени лица во организацијата се велешани. Сите тие сакаат да му вратат на градот за тоа што им го дал. Одзивот на публиката беше многу голем затоа ќе продолжиме со организацијата но и на дрги поголеми простори, во Велес за да ги оживееме и да овозможиме доволен број на паркинг места за сите заинтересирани, рече Бубе Црвенпанов, преставник на здружение „Transparent Future“.

Foto Gordan Jordanov

-Сакаме да опфатиме што поголем број на присутни сограѓани, од различни генерации, затоа ќе продолжиме. Нашата сел беше во услови на коронавирус да организираме културен настан безбеден по здравјето. Мислам дека вечерва успеавме, рече Гордан Јорданов, преставник на здружение „Transparent Future“.

Првото Drive In Cinema го поддржа Општина Велес.

Ивана Мирчевска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново