Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Foto Stripkreator fin

09.07.2020

Освен неодамна споменатите,единственото стрип граѓанско здружение, поточно Центарот публикуваше нови стрип изданија.

-Списанието „Стрип креатор“секако има најголем континуитет и ги дочека своите 31 и 32 број. Морам да повторам дека тоа е единственото постојано стрип издание кај нас,оваа ревија има посебно значење бидејки токму овде доста македонски автори ги имаат објавувано своите први стрипови. Континирано се објавуваат наградените стрипови од Меѓународниот конкурс за стрип што Стрип центарот на Македонија – Велес го објавува секоја година, во рамките на Меѓународниот Салон на стрип како и Интернационакната стрип колонија.Сметам дека кажаново е доволен аргумент Министерството за култура да продолжи со финансирањето на овие манифестации, единствени од ваков вид кај нас, рече Томе Трајков, програмски координатор.

Во изданието број 31 на „Стрип креатор“ застапени се авторите: Тоде Блажевски (МК), Марко Стојановиќ (СРБ), Сабахудин Мурановиќ Муран (БИХ) , Миле Топуз (МК), Василис Герку (ГР), Ване Трајков (МК) , Оливер Цветковски (МК) ,Исмет Ердиќ (БИХ) , Дејан Билокапиќ, Стефан Николовски (МК), Срѓан Николиќ-Пека (СРБ) ,Ана Марија Стефаноска (МК) , Навид Булбулија (БИХ ), Александра и Максим Ристески (МК).
Објавен е и подготвениот текст на познатиот Живојин Тамбуриќ со наслов „ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ,ОТВАРАЊЕ НА ПРАШАЊА И ШИРЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ“ посветен на стриповите за Кен Паркер.

Во изданието број 32 на „Стрип креатор“ е публикувано интервјуто на Александар Стеванов со познатиот словенечки автор Исток Ситар. Со свои стрипови застапени се авторите Владимир Весовиќ (СРБ), Марко Ѓешка (ХР), Јана Бутеска (МК), Марко Стојановиќ (СРБ), Марко Серафимовиќ (СРБ), Ване Трајков (МК), Васко Гаврилов (МК), Емилија и СтојчеТоциновски (МК) , Ана Циглар (СРБ), Диме Иванов-Димано (МК) ,Татјана Смиљанич и Зоран Јанковиќ, Андромеда Дасар (АЛБ), Иван Вељковиќ (СРБ), Ефи Теодоропуло (ГР) и Кирси Салонен(ФИН).

Ивана Мирчевска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново