Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

izlozbaNegotinskakolonija fin

10.09.2020

Во манастирскиот комплекс “Св.Ѓорѓи“ во Неготино, од 24 до 28 јуни, се одржа Меѓународна ликовна колонија „Неготино 2019“ на која учествуваа уметници од Неготино, Кавадарци, Скопје, Куманово; Белград и Крагуевац од Република Србија.

Академските сликари Владимир Темков, Методи Ангеловски, Игор Мишев, Цветанка Јованова-Хермес, Горан Боев, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ѓурѓица Станоева, Наташа Радосављевиќ, Невена Костиќ и Маја Мрдаковиќ беа дел од проект подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и општина Неготино за развој на визуелната модерна уметност.

Колонијата ја организираше општинската установа Музеј на град Неготино.

Како резултат на културната манифестација се одржа и изложба во дворот на манастирот “Св.Ѓорѓи“ со ликовните дела од уметниците учесници на ликовната колонија од Белград.

Станува збор за прва меѓународна ликовна колонија во организација на Музеј на град Неготино така што со реализирањето на оваа ликовна колонија се збогатува збирката на ликовни дела на општинската установа Музеј на град Неготино.

Изложбата од делата изработени на колонијата беа представени во салонот на Музејот на град Неготино, а во периодот од 10.09.2020 година до 26.09.2020 ќе бидат преставени и во Ликовен салон Велес.

Изложбата ќе биде отворена вечерва, 10 септември во Ликовен салон Велес со почеток во 19 часот. На отворањето на изложбата ќе се почитуваат сите мерки на заштита пропишани за Ковид 19./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново