Започнува втората Меѓународна Скулпторска колонија „Велес 2020”
8.10.2020
Истата, која ја носи главната идеја и порака како и минатогодишната, заштитата на животната средина, ќе се одржи од 9 до 22 октомври 2020 година.
-Скулптурите ќе бидат изработени од отпадно железо и мермер. Тие се доказ дека отпадот може да биде искористен на најдобар можен начин – да се реупотреби и намени, со што ќе биде претворен во уметничко ремек дело и ќе го претставува новиот естетски лик на градот, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Скулпторската колонија ја финансираат Општина Велес со 400. 000, 00 денари и Министерството за култура со поддршка од 200. 000, 00 денари.
Годинава на Меѓународна скулпторска колонија ќе учествуваат уметниците скулпторите од Велес Илко Стојановски, кој е и координатор на Скулпторската колонија, заедно со Ангел Коруновски и Тоше Јовановски, потоа Никола Пијанманов од Струмица, Горан Стаменков и Андреј Миновски од Скопје, како и гостинот Иван Ковачалиев од Република Бугарија.
На прес конференцијата присуствуаат и дел од учесниците на годинешната Скулпторска колонија, Илко Стојановски, Иван Ковачалиев и Андреј Миневски. Тие изразија задоволство од можноста да творат и да создадат дела кои ќе го красат Велес.
Поради актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од Корона вирусот и заштита и превенција од ширењето на Ковид-19, оваа година учесниците ќе работат во домашни услови, односно во своите лични атељеа.
Уметничките дела кои ќе произлезат од креативните раце на учесниците, свечено ќе бидат откриени за време на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободување на Велес/У.Ј