05.04.2021
По повод месецот на шегата, на 01. април во Музејот на град Неготино, како дел од изложбата на карикатури насловена „АПРИЛИЛИИИ“, беа поставени 110 карикатури со тематски прикази од здравство, социјала, политикаa, но и други теми.
29.03.2021
Велешанецот Вилазорски наградата ја освои за сет од десетина афоризми на тема Право и Правда.
22.03.2021
По повод 27 март Светскиот ден на Театарот, во сабота, со почеток од 19:00 часот, театарот при Дом на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, репризно ќе ја изведе претставата “Не се клади на енглези“.
19.03.2021
Со стихови напишани од перото на поетесите и поетите Лили Арсова, Светлана Далевска, Нада Алексова, Соња Гаврилова, Марина Стојанова, Божидар Јовиќ, Родна Јанчева и Вероника Саздова локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“денеска го одбележаа Светскиот ден на поезијата.
08.03.2021
Во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денеска се оддржа промоција на книгата „Неверство“ од авторката Емилија Златкова-Анастасовкса. Оваа книга е во издание на издавачката куќа „Полица“. Поради пандемијата од Ковид-19 промоцијата се одвиваше онлајн преку страницата на локалната библиотека.
05.03.2021
Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, вечерва, ќе биде отворена изложба на дела на познати македонски ликовни уметници кои биле учесници на Ликовната колонија “Караманов 2020“ во Радовиш. Исто така на изложбата ќе бидат изложени и дела од млади творци инаку учесници на колонијата додека настанот со свои творби ќе го збогатат и млади поети од Радовиш.