Дводневен театарско-музички фестивал во Велес
Со две претстави со античка тематика „Медеа“ и „Жени во подземјето“ на шести февруари започнува дводневниот театарско-музичкиот фестивал во театарот во Велес. Организатор на фестивалот е ФАД Стоби од македонска и организацијата за култура „Преспа“ од Лерин и организацијата за родова еднаквост од Атина од грчка страна. На шести февруари премиерно ќе биде изведена претставата „Медеа“ во режија на Ненад Витанов, а на седми „Жени во подземјето“ во режија на Александар Цветановски. Фестивалот завршува вечерта со концерт на групата „Фолтин“
„Едниот проект е во организација на Хаус ком од Битола , тој ја има должноста да ја направи претставата „Медеа“, која моментално ја работат и помалата продукција со наслов „Жени во подземјето“ е во пост продукција на Дата поинт од Скопје“, рече директорот на ФАД Стоби, Зиоран Љутков.
Фестивалот носи наслов „Ladies of the lake“ и е партнерски проект на ФАД Стоби и грчките организации.
„Едната претстава од Грција веќе беше во рамки на фестивалот Стоби, тоа е претставата „Античка крв“ Ние ќе гостуваме три дена во Лерин на 29 февруари со „Жени во подземјето“. Бидејќи се со античка тематика нашите две претстави ќе бидат дел и од овогодинешното издание на фестивалот на античка драма Стоби“, рече Гордан Донев.
Овој фестивал е дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и грција и е финансиран од Фондот на Европската комисија. За двете претстави и концертот ФАД Стоби доби 130 илјади евра. Инаку целиот проект чини 650 илјади евра.Д.С