Промовиран романот првенец на младата писателка Александра Ѓоргиева (ФОТО)
Романот „Љубов на прв поглед“ на седумнаесет годишната велешанка Александра Ѓоргиева ја раскажува приказната за првата младешка љубов, несекојдневна, непрепознатлива што на прв поглед се чини дека ќе заврши уште на самиот почеток. Фабулата е кратка , се вљубиле двајца млади, тој поточно Марко е сиромашно момче додека Ана потекнува од богато семејство е керка на градоначалник, доктор. Љубовта што се развива меѓу нив е огромна и вљубените не можат да си го замислат животот еден без друг но, родителите на Ана не можат да замислат скитникот Марко да им биде зет и затоа ја праќаат нивната ќерка на школување во Англија. Таму принудена да го заборави Ана запознава друг човек, не го сака, но се мажи за него и му раѓа две керки. А Марко упорно ја чека.
Мал е бројот на млади момчиња и девојчиња, кои уште во средношколска возраст, покажуваат талент за пишување рече промоторот на романот, писателката Нада Алексоска. Таа на синоќешната промоција воодушена од приказната што ја раскажува Александра во нејзиниот прв роман рече:
„Тоа што ме воодушеви е посебноста, на скелетот на сижето на романот. Сигурно, многу од вас кои ќе ја прочитаат оваа книга ќе се сетат на романот Пиреј од Петре М Андреевски . Во него прво раскажува Јон па Велика и така наизменично тече дејството. Истото тоа се случува и во романот на Александра најпрво зборува Марко па Ана и се така најизменично. Дејството преку јаки емоции полека се расплеткува. И не само формата туку повеќе ме воодушеви начинот на раскажувањето. И тоа не е раскажување туку изблив на чувства на јаки и мудри мисли. И самата се прашувам од каде кај волку млада девојка толку голем наплив на талент. Тоа не е секојдневно,“ рече Алексоска.
Полна со емоции и со по некоја солза во очите младата писателка внимателно ја слушаше рецензијата на промоторот. Кога таа им се заблагодари за присуството на промоцијата на сите присутни гости не ги сокри солзите туку рече дека иако не планирала да плаче емоциите ја преплавиле и резултатот не може и не сака да го сокрие. На новинарско прашање дали таа доживеала голема а сепак несреќна љубов,Александра одговори:
„Не, никако па јас сум сеуште млада за таква голема љубов. Романот го пишував длабоко во ноќта додека слушав убава љубовна музика. Потоа се раѓаа емоциите и ми беше интересно да се ставам во улогите и на двата лика во романот иако тие се многу постари од мене. Па и Александра очекува да доживее таква љубов но дазаврши со среќен крај. Сега за сега е многу рано но еден ден очекува да се случи. Оваа книга сакав да и ја посветам на мојата баба но таа неодамна почина па затоа си ја посветив на самата себе,“ рече Александра.
Таа откри дека во моментов пишува една стихозбирка и нов роман кој ќе има среќен крај и неа нема да и се повтори да плаче на неговата промоција./У.Ј