Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со изведба на композицијата „Радусја невесто неневестнаја“ од Свети Нектариј Егински членовите на Младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ на Повардарската епархија го започнаа третиот Великопосен концерт во соборната црква „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес. Концертот се одржува во слава и чест на Воскресението Господово на скоро четири недели пред големиот христијански празник. Верниците кои присуствуваа на концертот имаа ретка можност да уживаат во изведбите на хористите во најубавата и најакустична внатрешност на црквата изградена од најголемиот македонски неимар и градител Андреа Дамјанов.

Веселинка Маџарова Андова,диригент на Младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ , најавувајќи го репертоарот на концертот помеѓу другото рече дека за хористите, црковното пеење не преставува само исполнување на песна туку здив на Богослужението, жива врска на небесното и земното.

„Така се чувствуваме секојпат кога настапуваме дома и во странство. Дозволете ми да спомнам дека тоа наше чувство го поттикнува гласот од чија изведба се воодушевуваат присутните гости па лани на меѓународниот натпревар на хорско пеење во Грција, поточно во Паралија, го освоивме третото место иако бевме најмлади учесници. Исто така на државниот натпревар на младински хорови во Кавадарци ја освоивме првата награда со максимален број на бодови. Би сакала да спомнам дека веќе бевме гости и на божиќниот концерт на хорот „Злата Мегленска“ во Скопје,“ рече Маџарова Андова.

Великопосниот концерт, синоќа, хористите го започнаа со четири двогласни, Исон и соло глас, изведби на копозиции од Византиската музика. Солисти беа отец Мики Миовски и отец Борислав Бобевски.

Во вториот дел на концертот исто така четири композиции изведоа хористите на Камерниот мешан црковен хор „Свети Димитрија“ од Кавадарци под диригентство на Драган Велковиќ.

Великопосниот концерт заврши со повеќе гласни композиции од македонски и руски автори кои ги изведоа хористите на Младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“.

Концертот кој стана традиционален во Велес го проследија голем број на љубители на црковната хорска музика. Ним добредојде им посака Митрополитот Повардарски, Агатангел велејќи им дека благопријатните и велелепни звуци на најмладите хористи се вовед во славењето на Христовото воскресение со што се слави спасението на човечкиот род. /У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново