Годинава, гимназијалката Сара Тодоровска избрана за „Музата на Рацин“
Објавено на 8 мај, 2016 во 06:25
Сара Тодоровска, ученичка во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Велес е избрана за заштитно лице на поетската манифестација 53-ти „Рацинови средби“.
Годинава, нејзиниот лик ќе го има на целокупниот рекламен материјал на манифестацијата поточно на плакат, билборд и во видео-спот како и на поканата на манифестацијата.
Од културната манифестација соопштија дека на распишаниот конкурс „Музата на Рацин“, годинава, аплицираа вкупно 11 ученички од четирите средни училишта во Велес.
Инаку, целта на Конкурсот „Музата на Рацин“ е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рациновите средби“.